Русија протера италијански, француски и шпански дипломати

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Руското Министерство за надворешни работи прогласи за персона нон грата 24 вработени во италијанската амбасада во Москва, како и 34 вработени во француската амбасада и 27 шпански дипломати, пренесе „Спутник“.

Беше посочено дека овој чекор (протерување руски дипломати) предизвикува сериозна штета на руско-француските односи и конструктивната билатерална соработка“, соопшти МНР. Претставниците на амбасадата имаат рок од две недели да ја напуштат Русија.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека како одговор на протерувањето на 30 руски дипломати на почетокот на април, Москва одлучила 24 италијански дипломати да ги прогласи за персона нон грата.