Германската влада денеска даде зелено светло во врска со барањето на Финска и Шведска за приклучување кон НАТО пактот, изјави денеска министерот за правда на таа земја Марко Бушман.
„Ние сме посветени на брзиот процес на пристапување“, рече Бушман, цитиран од „Ројтерс“.
Покрај Германија, поддршка за влез на двете нордиски земји во НАТО пружија и Италија и Холандија.