Поранешен руски полковник за војната во Украина: Сето тоа е лага и ќе биде уште полошо за Русија

од Nikola Popovski
258 прегледи

Руските мејнстрим медиуми нудат поглед на војната во Украина што се разликува од она што е прикажано во остатокот од светот. За почеток тоа не го нарекуваат војна, туку „специјална воена операција“. Речиси е невозможно да се слушне критичко мислење за војната во Украина во руските медиуми, но воениот аналитичар и пензиониран полковник Михаил Ходаренок успеа во една емисија да каже збор-два на таа тема.

Запрашан да ја коментира ситуацијата на теренот во Украина, Ходаренок ги повика гледачите да бидат внимателни за секоја информација што Русија ја изнесува за падот на моралот во редовите на украинските сили.

„Сето тоа е, искрено, лага“, рече Ходаренок.

Тој предупреди дека ситуацијата во Русија очигледно ќе се влоши бидејќи Украина добива дополнителна воена помош од Западот. Тој посочи дека украинската армија може да вооружи милион луѓе.

„Конечната победа на бојното поле е одредена од високиот морал на војниците кои пролеаа крв за идеите за кои се подготвени да се борат“, рече тој.

„Најголемиот проблем со воената и политичката ситуација во Русија е што сме во целосна политичка изолација и целиот свет е против нас, дури и ако не сакаме да го признаеме тоа. Мораме да ја решиме оваа ситуација“, додаде тој.

Тој навел дека сегашната ситуација не може да се смета за нормална кога 42 земји се против Русија и кога руските ресурси, воено-политички и воено-технички се ограничени.

Додека тој зборувал, другите во студиото молчеле. Дури и водителката Олга Скабеева, која инаку е гласна во одбраната на Кремљ, делувала невообичаено тивко.

Пензионираниот полковник во февруари, пред почетокот на инвазијата, се огласи за можниот конфликт. Тој ги критикуваше луѓето што тврдат дека Русија лесно ќе ја добие војната против Украина.

„Вооружениот конфликт со Украина не е во националните интереси на Русија“, заклучи тој тогаш.