Пентагон предупредува дека ќе биде тешко да се истисне Русија од Донбас

од Nikola Popovski
286 прегледи

Пентагон предупреди дека руската војска, и покрај успехот на украинските сили во Харков, успева да ја консолидира својата контрола над Донбас и на југот на земјата, што значи дека војната може да продолжи уште долго време.

Руските сили продолжуваат да имаат проблеми поради неединството, лошиот морал и логистиката, изјавил за новинарите висок претставник на американското Министерство за одбрана, без да ги потврди промените во руската команда што ги објави Лондон.

-Ние и понатаму ќе бидеме многу внимателни во нашите предвидувања, додал тој.

-Ние сме крајно решени да направиме се што можеме за да им помогнеме на Украинците да се одбранат, дури и со обука на нив да ја користат опремата што им ја испраќаме, порачал високиот функционер, кој сакал да остане анонимен.

Фото: nbnews.com.ua

Слични содржини