Николоски тврди дека успеа активната блокада на Собранието: Тоа ни беше цел

од Nikola Popovski
183 прегледи

Сакам да најавам дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со активна блокада на Собранието се до определување на датум за предвремени парламентарни избори. Она што го гледаме и што е  евидентно што владејачкото мнозинство бега од оваа работа на начин што воопшто не се закажуваат активности во Собранието, што се скандал сам по себе. Пет дена по ред, од понеделникот до денес петок во рамки на собранието не е закажани ниту една активност, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски коментирајќи ја актуелната политичка ситуација во земјава.

Според него, со самиот факт што не се закажуваат седници на Собрание и седници на комисии, активната блокада е успешна.

-Тоа ни беше цел, да ги блокираме штетните законски решенија кои што се спротивни на интересите на граѓаните. Успеваме да го направиме. Се надевам дека ќе имаат доволно разум, доволно свест, и доволно волја да седнеме следните денови на лидерска средба на која што заеднички ќе определиме датум за предвремени избори, а  исто така ќе се договориме околу четирите клучни проблеми кои што ги има Македонија, тоа се во делот на финансиите, во делот на европските интеграции на проблемот со Бугарија, во делот на образованието, здравството како би можело заеднички да изнаоѓаме решенија, рече Николоски од Гевгелија каде што го посетил Домот на пожарникарите.