YouTube одлучи да ги израдува своите корисници со нова функција.
Популарната видео платформа воведува истакнување на делови од видеото што корисниците „најмногу ги репродуцираат“. Делот „most replayed“ треба да ги поттикне гледачите да се вратат на најдобрите моменти во видео клиповите за повторно да ги гледаат.
Корисниците ќе можат да ги идентификуваат најпопуларните делови од видеата со тоа што ќе бидат означени со пиктограм со три ѕвезди.
YouTube наведува дека новата опција била само како експериментална на услугата YouTube Premium, но дека сега допира до сите корисници на сите платформи, без разлика дали се работи за десктоп или мобилна платформа.
Како што сега стојат работите, авторите на YouTube не се задоволни од новата функционалност. Алгоритмот што го користи оваа социјална мрежа ги „цени“ оние клипови кои поединечни корисници ги гледаат подолго, па ги рангира подобро, ги препорачува повеќе и подобро ги монетизира.
Оваа функција може негативно да влијае на времето што секој гледач ќе го помине гледајќи поединечни видеа. Затоа, страдаат авторите на содржината.
Од друга страна, челниците на компанијата велат дека ваквата табела ќе ги поттикне гледачите да се вратат на најдобрите моменти од видео клиповите за повторно да ги погледнат. Вистината обично е измеѓу, но се чини дека овој пат јутјуберите сепак ќе го извлечат најдоброто од неа.