Фајзер: Три дози вакцина ги штитат децата на возраст под пет години

од Nikola Popovski
320 прегледи

Фармацевтската компанија Фајзер објави дека три дози од нејзината вакцина против Ковид-19 обезбедуваат добра заштита за децата на возраст под пет години.

Фајзер има намера да ги проследи резултатите од истражувањето до американските регулаторни агенции подоцна оваа недела.

Единствената популациска група во САД која сè уште не може да ја прими вакцината против Ковид-19 се децата на возраст под пет години, од кои има 18 милиони.

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) почна да ги оценува податоците од компанијата Модерна, која сака да понуди две дози од вакцината за деца до лето.

Фајзер утврди една десетина од дозата за возрасни за детската доза на вакцината, но при тестирањето откри дека две дози не се доволни за деца од предучилишна возраст. Затоа компанијата ја даде третата доза на деца на возраст од шест месеци до четири години за време на зимското ширење на сојот омикрон. Таа ја примија повеќе од 1.600 деца.

Фајзер и нејзината партнерска компанија Бионтек информираа дека третата доза имала ефект и дека го подигнала нивото на антитела кај децата до нивото пропишано со критериумите на ФДА за итна употреба.

Американските здравствени власти минатата недела изјавија дека за најдобра заштита од нови видови на коронавирус, децата од основно училиште треба да добијат дополнителна доза од вакцината, исто како и децата на возраст од 12 години и постари.

Фото: UNICEF/Zhang Yuwei

Слични содржини