Бајден по масакрот во Тексас: Кога ќе го запреме лобито за оружје?

од Stefanija Kuzmanovska
231 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден ѝ се обрати на нацијата од Белата куќа по масакрот во училиштето во Тексас, во кој, според последните информации, во вторникот вечерта беа убиени 19 ученици и две возрасни лица, прашувајќи кога Америка ќе го запре „лобито за оружје“.

„Се надевав дека како претседател нема да мора вака да се обраќам. Масовното пукање во основното училиште во Увалде е уште еден масакр во САД. Убави, невини деца, од второ, трето, четврто одделение. А колку деца гледаа како загинаа нивните пријатели, како да се на бојното поле“, рече тој.

Бајден истакнал дека „да се изгуби дете е како откинување на дел од душата“, пренесува Си-Ен-Ен.

„Ја молам нацијата да се моли за жртвите и да застане на патот на лобито за оружје. Ве молиме дајте им сила на родителите и браќата на загинатите во овој мрак што ги зафати. Како држава, треба да се запрашаме… кога ќе му застанеме на патот на тоа лоби за оружје? Кога ќе го направиме она што длабоко во себе знаеме дека треба да се направи?“, додаде Бајден.

Осврнувајќи се на прашањето за законот за контрола на оружјето, тој побара од пратениците „да ја претворат оваа болка во акција“ додека потсети на масовните пукања во основното училиште Сенди Хук во Њутаун, Конектикат во 2012 година, кога тој беше потпретседател.

„Уморен сум од се, уморен сум. Мора да дејствуваме. Немојте само да ми кажете дека не можеме да реагираме по овој масакр. Зошто дозволуваме ова да се случи“, рече Бајден.

Вооружен маж застрела и уби 19 ученици и двајца возрасни во вторникот во основно училиште во Јужен Тексас.

Првата идентификувана жртва на масакрот беше наставничката Ева Миралес, која загина додека ги спасуваше учениците.

Гувернерот Грег Абот изјави дека е убиен и 18-годишниот осомничен, средношколец во градот Увалде, изјави известувачот на „Ал Џезира“, Ивица Пуљиќ.

Слични содржини