Русија: Пристаништето во Мариупол работи, подготвени сме за деблокирање

од Stefanija Kuzmanovska
275 прегледи

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека пристаништето во Мариупол, кое е под контрола на руските сили по тримесечна офанзива, работи нормално и не ја исклучува можноста за разговори за деблокирање на украинските пристаништа.

Министерството изјави дека Русија е во контакт со Обединетите нации и дека Москва „не ја исклучува можноста за разговори на меѓународно ниво за деблокирање на украинските пристаништа“, објави „Ројтерс“.

Москва денеска објави дека е подготвена да им овозможи на бродовите што превезуваат храна да ги напуштат украинските пристаништа, под услов да се укинат дел од меѓународните санкции против Русија.

Слични содржини