Расте бројот на заразени со мајмунски сипаници во Шпанија. Министерството за здравство извести за 15 нови случаи, со што вкупниот број се искачи на 51. Шпанија е на второто место во Европа по Велика Британија по бројот на официјално регистрирани заразени.
Веќе има 47 случаи на мајмунски сипаници во регионот на Мадрид, Канарските Острови пријавија два, а Андалузија потврди два. Првиот позитивен на островите е откриен кај пациент во Гран Канарија, а вториот во Тенерифе. Во другите автономни региони, исто така, има околу 20 случаи за кои подоцна се очекуваат резултати.
Во оваа фаза болеста е блага кај заразените, па затоа Комисијата за јавно здравје сè уште не бара вакцинација против понатамошен развој на симптомите. Останува задолжителната изолација на пациентите, но не и на нивните контакт лица. Истрагата за тоа дали постои врска помеѓу појавата на инфекции откриени во сауна во Мадрид и Канарските острови продолжува.
Данска и Словенија пријавија случаи на патници кои штотуку се вратиле од Гран Канарија, поради што властите повикаа на зголемено внимание на контактите за време на празниците.