Управата за хидрометеролошките работи информира дека за денеска е можна појава на краткотрајно невреме со силен ветер, појава на град и силни електрични празнења на територијата на Македонија.
-Претпладне сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. УВ=8. Слично се очекува и во скопската котлина, додаваат од УХМР.
Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, во Скопје до околу 32 степени.