Продажните цени на производителите на индустриски производи повисоки за 21.4 % на годишно ниво

од Vladimir Zorba
323 прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.3 % на месечно и за 21.4 % на годишно ниво.

Во април 2022, во споредба со март 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Капитални производи за 0.5 %, Интермедијарните производи, освен енергија за 5.8 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.8 %.

Во април 2022, во споредба со април 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 26.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 29.4 %, Капитални производи за 74.6 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12.6 %.