Украина објави фотографија: Што прават Русите додека на светот му се заканува недостиг на храна

од Vladimir Zorba
367 прегледи

Украинското Министерство за надворешни работи објави драматична воздушна фотографија на која се гледа, како што тврди, штетата предизвикана од руските напади на полињата околу патот за Изјум.

„На светот му се заканува недостиг од храна, а руските агресори пукаат по украинските полиња. Ова е патот до Изјум во областа Харков. Изгледа како рани на телото на природата”, стои во описот на фотографијата што ја објавија Украинците.