Келин: Русија нема намера да користи нуклеарно оружје во Украина

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Русија нема намера да користи тактичко нуклеарно оружје во Украина, изјави рускиот амбасадор во Лондон Андреј Келин во интервју за Би-Би-Си.

„Тактичкото нуклеарно оружје не се користи во такви конфликти во согласност со руската воена доктрина. Имаме строг список на услови за употреба на тактичко нуклеарно оружје“, нагласи Келин.

Амбасадорот на Русија во Лондон вели дека тоа се најчесто ситуации кога е доведено во прашање постоењето на државата, пренесе Спутник.