Курти: Се подготвуваме за апликација за членство во НАТО и ЕУ

од Берта Китинска
256 прегледи

Претседателот на движењето Самоопределување и премиер на Косово, Албин Курти, на состанокот на главниот совет на партијата изјави дека во тек се подготовките за апликација на Косово во НАТО и ЕУ.

„Ние аплициравме за членство во Советот на Европа. Нашето членство во СЕ е додадена вредност за овој совет и можност Косово да постигне понатамошен напредок во областа на правдата. Се подготвуваме за поднесување барања за членство во Мировното партнерство во НАТО, а ќе аплицираме и за членство во ЕУ“, рече Курти, пренесува КоССев.

Премиерот рече дека годината на владата била доста предизвикувачка, споменувајќи ја пандемијата, енергетската криза, руската агресија во Украина и многу други прашања.

Курти додаде дека во текот на оваа година, покрај предизвиците, напредувале во повеќе области.

„Обележавме економски раст, важни чекори во зајакнувањето на правосудниот систем, се боревме против криминалот и корупцијата, имавме прогресивни сојузи и ги зајакнавме односите со пријателска држава. „Косово стана светилник на демократијата во регионот“, рече Курти.

Курти зборуваше и за неговата двонеделна официјална посета на САД.

Премиерот додаде дека за време на оваа посета се сретнал со седум сенатори и 12 конгресмени и седум високи претставници на американската влада.

Слични содржини