239
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека „ослободувањето на Донбас е безусловен приоритет за време на руската специјална операција во Украина“.
„Ослободувањето на регионите Доњецк и Луганск, кои Руската Федерација ги призна како независни држави, е апсолутен приоритет“, рече Лавров во синоќешното интервју за францускиот ТВ канал TF1.
Жителите на териториите на Украина каде што се водат борбите „треба да одлучат за својата иднина“, пренесува РИА Новости.