157
Цените на нафтата денеска скокнаа откако лидерите на Европската унија синоќа постигнаа договор за забрана на увоз на 90 отсто од руската сурова нафта до крајот на годината.
Во азиската трговија, цената на европската нафта брент за испорака во јули (фјучерс договори) порасна за 1,35 отсто на 123,3 долари за барел, покажуваат најновите достапни податоци на порталот oilprice.com.
Со договорот за забрана за увоз на руска нафта, ЕУ излезе од преговарачкиот ќорсокак предизвикан од одбивањето на Унгарија да се согласи на ембарго на нафта, што, како што изјави Будимпешта, ќе ја уништи нејзината економија, која е многу зависна од руската нафта.