Руските војници се повлекуваат и креваат мостови во воздух со цел да го попречат можното напредување на украинските сили, тврди денеска регионалниот гувернер на Николаевскиот регион, Виталиј Ким.
„Тие се плашат од пробив на украинските вооружени сили, но ние не се плашиме и ги поддржуваме нашите војници“, напиша Ким на Телеграм, пренесува агенцијата АП.
Американската агенција во извештајот наведува дека регионалниот гувернер на Николаевскиот регион не прецизирал каде точно се одвива повлекувањето на руските сили.