Шерил Сандберг, „вториот човек на Фејсбук“ опишана од Блумберг како „една од најпрепознатливите личности во светот на бизнисот откако му помогна на Фејсбук да се трансформира од стартап во моќна компанија од повеќе милијарди долари, поднесе оставка денеска како главен оперативен директор (COO) на компанијата Мета, која сега ги поседува Фејсбук, Инстаграм и Ватсап.
Сепак, Сандберг ќе остане во бордот на директори на Мета, објави таа на Фејсбук. Нејзината функција ќе ја преземе Хавиер Оливан, досегашен главен директор за раст и развој на Мета.
„Тоа е одлука што не ја донесов лесно, но поминаа 14 години“, рече Сандберг денес, објаснувајќи дека причината е нејзината желба да се посвети на својата фондација и филантропија:
„Сакам да направам повеќе простор за да работам повеќе филантропски, да направам повеќе со мојата фондација„
Инаку, Сандберг почна да соработува со Марк Закерберг на Фејсбук во 2008 година, додека сè уште се викаше „Фејсбук“. Според Блумберг, таа била „клучна за да се претвори (Фејсбук) во гигант од социјалната мрежа со приход од речиси 120 милијарди долари“.
Сендберг, пак, стана влијателна личност во компанијата, но и надвор: Блумберг ја опишува како заштитно лице на Фејсбук од највисокиот профил, се разбира по Закерберг.