211
Една жена загина во пожар во училиште во руското гранатирање на Харков синоќа, соопштија денеска итните служби.
Како резултат на гранатирање, пожари избувнаа и во други делови на регионот Харков, пренесува АП.
Гувернерот на областа Дњепропетровск, Валентин Резниченко, денеска на Телеграм објави дека е гранатирана областа на границата на таа и на Херсонската област, која е претежно под руска контрола.