Украинскиот министер за одбрана: Треба да бидеме „де факто“ членка на НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
242 прегледи

НАТО треба да размисли да ѝ даде на Украина „де факто“ наместо „де јуре“ членство во алијансата, кога на следниот самит кон крајот на јуни ќе ја разгледа својата стратегија за следните 10 години, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников.

„Мислам дека ако зборуваме за членството на Украина во НАТО де факто, а не де јуре, тоа би можело да биде добра идеја во оваа стратегија“, рече Резников на форумот ГЛОБСЕК 2022 во Братислава преку видео врска, пренесува „Ројтерс“.

Тоа би било вин-вин ситуација за сите земји, рече Резников.