263
Околу 1.500 лица поднеле барање за руско државјанство во канцеларијата за издавање документи во украинскиот град Херсон, кој е под контрола на руските сили, изјави денеска за ТАСС Кирил Стремусов, заменик-шеф на воената и цивилната администрација на регионот Херсон.
Тој рече дека „околу 1.500 барања се поднесени и обработени и дека 200 од нив се веќе позитивно решени“, но дека „има само една канцеларија“ и дека „има многу луѓе кои бараат руско државјанство“, пренесе ТАСС.
Кирил Стремусов, заменик-шеф на воената и цивилната администрација на регионот Херсон, наведува дека руските власти сакаат да отворат што е можно повеќе канцеларии за издавање документи ширум Херсон.