„Известија“: Договорена е прелиминарната шема за извоз на жито од Украина

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

Москва се договорила со Киев и Анкара за прелиминарна шема за испловување на украинските бродови со жито од Одеса, пишува „Известија“, повикувајќи се на високорангиран упатен извор.

Весникот наведува дека турски бродови ќе ги придружуваат тие бродови до неутралните води во Црното Море, каде што ќе ги пречекаат руски бродови и ќе ги придружуваат до Босфорот.

Изворот на кој се повикува весникот прецизира дека „мапата на патот“ ќе биде одобрена веќе во 8-9. јуни, за време на посетата на министрите за надворешни работи и за одбрана на Турција.

Слични содржини