Инцидент во Советот за безбедност на ОН, рускиот амбасадор ја напушти салата

од Nikola Popovski
377 прегледи

Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја денеска ја напушти седницата на Советот за безбедност на ОН за време на говорот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во кој тој ја обвини Москва дека предизвикува глобална прехранбена криза преку агресија против Украина.

Мишел ги обвини руските војници за воени злосторства и злосторства против човештвото, повикувајќи се на извештаи за сексуално насилство, кои беа во фокусот на седницата на Советот за безбедност.

Во изјавата пред говорот на Мишел, Небензја „категорично ги отфрли“ сите наводи за сексуално насилство наводно извршено од руски војници и рече дека таквите тврдења се лажни.

Додека ја напуштал салата на Советот за безбедност за време на обраќањето на Мишел, Небензја изјавил за Ројтерс дека не може да остане поради „лагите што Чарлс Мишел дошол да ги шири“.

„Можете да ја напуштите просторијата, можеби е полесно да не ја слушате вистината“, рече Мишел, обраќајќи му се директно на Небензја додека тој заминувал.

 

Слични содржини