184
Јапонија воведува санкции за уште две руски и една белоруска банка и ја проширува забраната за увоз на руска стока поради агресијата врз Украина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Јапонија.
Средствата на Руската земјоделска банка, Московската кредитна банка и Белоруската банка за обнова и развој ќе бидат замрзнати во рамките на новиот пакет санкции, пренесe ТАСС.
Плаќањата и трансакциите со овие банки ќе бидат можни само со соодветни дозволи од јапонските власти, а новите мерки ќе стапат на сила од 7 јули.