Зоран Тегелтија побара согласност за приклучување на БиХ на иницијативата Отворен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska
303 прегледи

Претседавачот на Советот на министри, Зоран Тегелтија, кој денеска и утре ќе учествува на дводневниот Самит Отворен Балкан во Охрид, побара од Претседателството на БиХ да го разгледа и да се согласи за пристапување на БиХ во регионалната иницијатива.

Тегелтија во пресрет на заминувањето за Охрид испрати писмо до Претседателството на БиХ во кое покрај информациите за заминување во Охрид бара да се разгледа и да се даде согласност за пристапување на БиХ во иницијативата Отворен Балкан со цел, како што наведува, граѓаните и бизнис заедницата во БиХ да не бидат единствени во регионот изоставени од оваа регионална иницијатива.

Регионалната иницијатива Отворен Балкан се состои од Србија, Албанија и Северна Македонија.

Слични содржини