Дали папата Франциск се подготвува да поднесе оставка?

од Stefanija Kuzmanovska
226 прегледи

Гласините на почетокот на мај дека папата Франциск би можел да поднесе оставка беа поттикнати од најавата дека католичкиот поглавар ќе присуствува на церемонијата прво организирана од папа од 13 век, кој самиот го напуштил папството, пишува британски „Гардијан“.

Шпекулациите дека 85-годишникот би можел да тргне по стапките на неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти и да поднесе оставка започнаа на почетокот на мај кога првпат се појави во јавноста во инвалидска количка, по мала операција на коленото.

Гласините се интензивираа кога тој донесе невообичаена одлука да биде домаќин на конзисторијата за именување на нови кардинали на 27 август, од кои некои ќе можат да бидат избрани за наследници на папата на следната конклава.

Франциск на почетокот на своето папство рече дека би сакал оставката на папата да стане нормална, а во 2015 година изјави дека има чувство дека неговиот понтификат ќе биде краток и одлуката на Бенедикт да поднесе оставка ја опиша како „храбра“.

Бенедикт Шеснаесетти, кој избра да се нарекува почесен папа Бенедикт Шеснаесетти наместо да се врати на името на Џозеф Рацингер, во моментот на неговата оставка имаше 85 години.

Слични содржини