Украина планира да го отфрли од училишната програма романот „Војна и мир“ на рускиот писател Лео Толстој бидејќи романот ја величи руската армија, објави денеска заменик-министерот за образование на Украина Андреј Витренко.
Тој додал дека голем број книги од руски писатели се планира да бидат исфрлени од училишната програма.
Како што рече, „сè што ја величи руската армија ќе исчезне од училишната програма за странска литература“, пренесува ТАСС.
„На пример, работите како Војна и мир се нешто што повеќе нема да се изучува во Украина“, рече тој, наведува украински „УНИАН“.
Тој истакнал дека се очекува да се променат училишните програми во Украина за да се зајакне „патриотското образование“.