Кина му се закани на Западот

од Stefanija Kuzmanovska
327 прегледи

Кина се изјасни „против обидите на трети страни да ги вовлечат земјите од регионот во конфликт на светските сили“, пренесува руската државна агенција ТАСС.

ТАСС ја цитира изјавата на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји за време на состанокот со казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев во вторникот во градот Нур-Султан, кои очигледно се насочени кон Западот:

„Кина отсекогаш играла конструктивна улога во помагањето на мирните преговори. Во денешната ситуација, треба да се биде свесен за обидите на трети страни да ги вовлечат земјите во светскиот конфликт и да ги избегнат нивните барања да заземат страна. Кина никогаш нема да ги следи геополитичките интереси во Централна Азија, и нема да дозволи на надворешните сили да направат хаос во регионот“.

Слични содржини