282
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека изјавата на претседателот на Украина, Владимир Зеленски, дека за преговори со Москва е неопходно Русија да ги повлече војниците на линијата од пред 24 февруари е апсолутно несериозен пристап.
По разговорот со неговиот турски колега Мевлут Вуавушоглу, Лавров во Анкара изјави дека изјавата на Зеленски е целосно спротивна на иницијативите што ги претстави украинската делегација во Турција на 29 март, пренесува „РИА Новости“.
Шефот на руската дипломатија посочи дека е неопходно да се обнови работата на рускиот и украинскиот преговарачки тим и додаде дека „топката е на страната на Киев“.