Приведени 9 дилери на дрога во Тетово, меѓу нив еден и за издржување на казна затвор

од Vladimir Zorba
307 прегледи

На 10.06.2022 во 21.15 часот во кругот на основно училиште во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода: Ш.Л.(24), Т.А.(24), Д.Б.(18), Е.Е.(22), В.Л.(19), А.Е.(25), А.Ш.(24), Л.Л.(28), сите од Тетово и Џ.М.(22) од с.Стримница, тетовско, затоа што во нивна непосредна близина биле пронајдени и одземени 21 ќесичка со марихуана, а по извршена проверка било констатирано дека Л.Л. се барал и по судска наредба за издржување на затворска казна.

Тој ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната, а по целосно документирање на случајот против сите ќе биде поднесен соодветен поднесок.