Руското гранатирање предизвика огромен пожар во хемиска фабрика во источниот украински град Северодонецк, каде што продолжуваат постојаните борби, изјави гувернерот на регионот.
Сергеј Хајдај за украинската телевизија изјави дека пожарот избувнал откако десетици тони нафта истекле од оштетените радијатори во фабриката „Азот“.
„Хемиската фабрика „Азот“ е под силно гранатирање со часови“, рече Хајдај.
Тој не соопшти дали има повредени и дали пожарот е изгаснат.
Украинските власти проценуваат дека околу 800 цивили се кријат во подземните засолништа за бомби во фабриката „Азот“.
Опишувајќи ја моменталната ситуација во Северодонецк, Хајдај рече дека е „тешка, но под контрола“.