Официјални лица на Фиџи на Азискиот безбедносен самит предупредија дека климатските промени претставуваат поголема закана за Пацификот отколку воените тензии.
„Митралезите, борбените авиони… не се наша примарна безбедносна грижа. Најголемата закана за нашето постоење се климатските промени“, изјави министерката за одбрана на Фиџи, Инија Серуирату за Би-Би-Си.