Amnesty International: Постојат докази за употреба на касетна муниција во Харков

од Stefanija Kuzmanovska
304 прегледи

Доказите ја потврдуваат широката употреба на касетна муниција во Харков, во североисточна Украина, каде што стотици цивили загинаа како последица на неселективното руско гранатирање и употреба на касетна муниција, според новата студија на Amnesty International (AI).

AI тврди дека се пронајдени докази дека руските сили повеќепати користеле касетни бомби 9N210 / 9N235, како и експлозивна муниција, т.е. ракети кои фрлаат помали мини кои експлодираат во временски интервали, пренесува Би-Би-Си.

Во својот извештај, Amnesty International потсетува на пет одделни места на удар во станбени области во Харков и видео докази за карактеристичниот, симетричен ефект на кршење поврзан со касетната муниција.

Слични содржини