Јужнокорејската министерка за надворешни работи Парк Џин објави дека Северна Кореја ги завршила подготовките за нова нуклеарна проба и дека во овој момент само политичката одлука на највисокото раководство во Пјонгјанг може да го спречи нејзиниот напредок, пренесува АП.

По разговорите со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Вашингтон, јужнокорејскиот министер во понеделникот изјави дека Северна Кореја ќе плати висока цена доколку започне, како што се стравува, со седмата нуклеарна проба во наредните денови.

Шефот на јужнокорејската дипломатија наведува дека Северна Кореја ги завршила подготовките за уште една нуклеарна проба и дека само уште треба да донесе политичка одлука.

Слични содржини