Инфлацијата во Германија соборува рекорди

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Стапката на инфлација во Германија во мај изнесувала 7,9 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, објави денеска германскиот завод за статистика.

Трет месец по ред стапката на инфлација во најголемата европска економија е над седум проценти.

Од април до мај инфлацијата скокна за 0,9 отсто.