235
Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, денеска оцени дека изјавата на функционерот на Пентагон, Колин Кала за можноста за зголемување на испораките на повеќецевни ракетни фрлачи „Химарс“ за Киев може да се смета како намера на Вашингтон да се движи во насока на натамошна ескалација на ситуацијата.
Антонов рече дека ваквите изјави на Кала се крајно загрижувачки, пренесува ТАСС.
Пентагон претходно соопшти дека САД ќе ѝ дадат на Украина четири високомобилни артилериски ракетни системи.