Кинескиот претседател Си Џинпинг во текот на денешниот телефонски разговор му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека сите страни треба да работат на решавање на кризата во Украина „на одговорен начин“, јави кинеската државна телевизија CCTV.
Според Си, кинеските власти се подготвени да ја поддржат Русија во решавањето на клучните прашања поврзани со заштитата на суверенитетот и националната безбедност, пренесува ТАСС.
„Кина е подготвена за поблиска стратешка соработка со Русија, подготвена да обезбеди взаемна поддршка, имајќи ги предвид клучните интереси на двете страни во однос на суверенитетот и националната безбедност“, порача кинескиот лидер.