Небензја за украинското жито: Ќе осигураме непречен премин

од Nikola Popovski
253 прегледи

РУСИЈА може да „осигура непречен премин“ за украинските пратки со жито од пристаништата на Црното Море во земјата, но не е одговорна за воспоставување на коридорот, изјави денеска постојаниот претставник на Русија во Советот за безбедност на Обединетите нации, Василиј Небензја.

– Ние не сме одговорни за воспоставување безбедни коридори. Рековме дека можеме да обезбедиме безбеден премин доколку се воспостават овие коридори. Воспоставете ги, рече Небензја, пренесува Ројтерс.

Како што рече постојаниот претставник на Русија во Советот за безбедност на ОН, очигледно е дека е потребно или да се минираат териториите минирани од Украинците или да се осигура дека тие мини ќе ги заобиколат.

Тој ги критикуваше и западните медиуми дека го игнорираат украинското бомбардирање на населени места, пренесува „Срна“.

Небензја оцени дека таквиот однос на западните медиуми е „срамен“.

– Украинските власти одземаат вистински животи во Доњецк. Кога бил гранатиран пазарот во рускиот град Мајски, таткото излегол и дознал дека во гранатирањето загинале неговата сопруга и ќерка. Срамота е што западните медиуми во голема мера остануваат слепи, глуви и неми на овој ужасен инцидент, рече Небензја.

Слични содржини