Германија ќе ѝ испорача ракетни фрлачи на Украина во јули или август

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Три повеќецевни ракетни фрлачи, кои Германија ѝ ги вети на Украина, би можеле да бидат испорачани во јули или август, откако украинските сили ќе бидат обучени да ги користат, најави денеска германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт.

„Обуката за овие повеќецевни ракетни фрлачи би можела да започне кон крајот на јуни, што значи дека тие можат да бидат испорачани кон крајот на јули или почетокот на август“, изјави Ламбрехт за новинарите по пристигнувањето на вториот ден од разговорите со колегите од НАТО во Брисел.

Ламбрехт вчера објави дека Германија на Украина ќе ѝ испорача три повеќецевни ракетни фрлачи „Марс II“.

„Марс II“ може да погоди цели на оддалеченост од повеќе од 80 километри.