274
Како резултат на гранатирање извршено од украинските сили, 77 рудари останале заробени во рудникот за јаглен Засјадко во областа Доњецк во источна Украина.
„Како резултат на гранатирањето што го извршија украинските сили, прекина е струјата во рудникот Засјадко во Доњецк, а 77 рудари останаа под земја“, се вели во извештајот на властите на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), пренесува РИА Новости.
Украина негира дека извршила какви било напади врз двата региони што го сочинуваат Донбас, додека Ројтерс посочи дека не биле во можност да го потврдат овој извештај.