Започна вториот круг од парламентарните избори во Франција, 1.148 кандидати

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Во Франција утрово во 8 часот почна гласањето за вториот круг од парламентарните избори, во кое двете најсилни политички групи, коалицијата собрана околу претседателот Емануел Макрон и левичарскиот сојуз на Жан-Лук Меланшон, влегоа со речиси ист број гласови.

Според истражувањето на агенцијата Елаб, коалицијата на шефот на државата Емануел Макрон „Заедно“ би можела да освои меѓу 255 и 295 места во собранието кое има 577 места, а левичарската коалиција „Нупе“ на Жан-Лук Меланшон меѓу 150 и 200 места, што е голем скок во однс на претходните избори.

Над 25 милиони регистрирани гласачи или 52,49 отсто од вкупно 48,5 милиони во Франција одлучија да не излезат на гласање во првиот круг од парламентарните избори, што беше рекордно низок одѕив, јави ТВ Франс 24.

Слични содржини