169
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Владимир Путин стравува дека „искрата на демократијата“ ќе се прошири низ Русија.
Во интервју за германскиот весник „Muenchner Merkur“, објавено на официјалната веб-страница на германската влада, Шолц изјавил дека Путин сака да ја подели Европа и да се врати светот во кој доминираат сфери на влијание.
Запрашан дали Путин би прифатил пристапување на Украина во ЕУ, Шолц рече:
„Рускиот претседател мора да прифати дека во неговото соседство постои заедница на демократии засновани на закони, која се приближува секој ден… Тој очигледно се плаши од ширење на искрата на демократијата во неговата земја“.