198
Исламистичките екстремисти убија 132 цивили во повеќе напади врз села во централниот дел на Мали, соопшти владата на земјата.
Припадниците на исламистичката група Катиба Мачина нападнале најмалку три села во руралната општина Банкас, во централниот регион Мопти во Мали, ноќта меѓу саботата и неделата, се наведува во соопштението што го пренесе „Ројтерс“.
Убиени се вкупно 132 цивили, а некои од сторителите се идентификувани, се додава во соопштението.