222
Најмалку две лица се повредени во напад во трговски центар во Шведска, во градот Вестерос. Според локалните медиуми, најмалку две лица се повредени и итно пренесени во болница.
Едно лице се здобило со тешки телесни повреди.
Според првите информации, напаѓачот имал остар предмет со кој ги избодел жртвите.
– Постои страв дека има повеќе повредени – соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека едно лице е уапсено на лице место.