Путин: Наскоро првиот „Сармат“ во руската армија, погодува цели насекаде во светот

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Првата ракета „Сармат“ ќе ѝ биде достапна на армијата до крајот на годинава, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

– Извршено е успешно тестирање на тешката интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“. Планирано е првиот комплекс да се користи во армијата до крајот на годината – рече Путин за време на разговорот со питомците од Високите воени училишта кои ги прими во Кремљ.

Според карактеристиките, дометот и брзината на летот, ракетата „Сармат“ нема пандан во светот. Може да напаѓа цели преку Северниот и Јужниот Пол, совладувајќи ги системите за ракетна одбрана, а исто така може да погоди цели насекаде во светот, тврдат руски експерти.

Слични содржини