Одговорот на Москва на одлуката на Литванија да го блокира рускиот транспорт на стоки во регионот Калининград врз основа на санкциите на ЕУ нема да биде дипломатски, туку практичен, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров.
„Едно од главните прашања е дали нашиот одговор ќе биде исклучиво дипломатски. Одговорот е: не! Ќе биде практичнен“, рече Захарова на прес-конференција, пренесува ТАСС.
Захарова не сакаше да ја прецизира природата на практичните мерки што Русија планира да ги преземе против Литванија.