Русија: Приоритет е да се спречат директни конфликти меѓу нуклеарните држави

од Stefanija Kuzmanovska
150 прегледи

Безусловниот приоритет на Русија, со оглед на ризиците од ескалација на украинската криза и севкупната непредвидливост на ситуацијата во светот, е да спречи директен конфликт меѓу нуклеарните држави, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Според него, сега има голема потреба да се обезбеди стратешка стабилност, да се задржи режимот на неширење на оружјето за масовно уништување и да се подобри ситуацијата во областа на контролата на оружјето.

Рјабков предупреди дека во догледна иднина не може да се исклучи можноста за продлабочување на кризите во оние делови од светот каде што САД сакаат да ја постигнат својата доминација.

Слични содржини