Николоски: Бугарскиот премиер да дојде во музејот на Холокаустот во Скопје и да побара прошка

од Nikola Popovski
135 прегледи

Сите знаеме дека Македонија има огромен проблем со Бугарија околу започнувањето на пристапните преговори со Европската унија. Едно од клучните прашања со кои се соочуваме е поврзано со историјата, но и со негирањето за бугарската држава за време на Втората светска војна, тие беа тие што го окупираа денешна Македонија. Тие беа оние кои за жал го организираа ова протерување на еврејската заедница и тие беа оние кои ги испратија во Треблинка, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од Стразбур.

Николоски потенцира дека она што го гледаме од Бугарија е целосно негирање и со употреба на силата на членството во Европската унија не присилува да ја смениме историјата на таков начин за да ги отвориме пристапните преговори.

-Верувале или не, она што од нас се бара е да ја смениме историјата, да го смениме идентитетот на земјата, на нацијата, дури и да преговараме за јазикот, само да ги започнеме пристапните преговори со Европската унија, користејќи го нивното членство во Европската унија да ја препишат историјата повеќе, би рекол учтиво за нив, но начин на кој е целосно лажен, кој не е вистина и е против историјата и е против она што се случи за време на Втората светска војна.

Би сакал да побарам овде од Стразбур, овие практики да се сменат, оваа недела се одржува Европскиот совет во Брисел каде ќе има средба и со лидерите на Западен Балкан, а барам и Бугарија да го промени своето однесување и да дозволи отворање на пристапните преговори, и да се соочат со реалноста, да се соочат со нивниот историски проблем, но и да се соочат со историјата каква што е и да се соочат дека постои нација која постои до нивната граница што се нарекува македонска нација и држава што е македонска. Само со прифаќање на заедничките вредности можеме да одиме понатаму и чекорот кој што може да го направи бугарскиот премиер за да дојде во музејот на холокаустот во Скопје и да побара една голема прошка од жртвите, навел Николоски при својот говор.