Во Молдавија продолжена вонредната состојба поради ситуацијата во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
126 прегледи

Молдавскиот парламент денеска одобри продолжување на вонредната состојба за 45 дена поради ситуацијата во Украина, изјави претседателот на парламентот Игор Грос.

Молдавските власти воведоа вонредна состојба на 24 февруари, а Комисијата за вонредни ситуации предложи продолжување на режимот за уште 45 дена почнувајќи од 24 јуни, што беше поддржано и од владата.

Предлог-одлуката за продолжување на вонредната состојба за 45 дена беше одобрена со гласови на 59 пратеници.

Слични содржини